• недела, 22 декември 2024

Де Бруин пред продолжување на договорот со Сити

Де Бруин пред продолжување на договорот со Сити
Манчестер, 9 октомври 2020 (МИА) - Играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин е близу нов договор со клубот, информира „Дејли Мејл“. Преговорите постигнаа значителен напредок во последните денови и наскоро се очекува белгискиот репрезентативец да потпише со „граѓаните“ до 2025 година. Актуелниот договор на Де Бруин е до 2023 година. Сепак, раководството на Манчестер Сити сака да го продолжи, што, се разбира, ќе доведе до зголемување на платата на играчот. Понудата е за неделна плата од 300.000 фунти плус разни бонуси. Преговорите со претставниците на Де Бруин започнаа на крајот на минатата сезона. Сè уште нема конечен договор, но постои желба за повторно потпишување од двете страни. Кевин Де Бруин е само првиот на списокот играчи што Манчестер Сити сака да ги награди со нов договор за нивната лојалност во периодот кога на клубот му се закануваше исфрлање од Лигата на шампионите на две сезони.

Тагови

Остани поврзан