• понеделник, 23 декември 2024

„Дејли Мејл“: „Зошто никој не зборува за ова место?“ Охридското Езеро е едно од најпотценетите места во Европа

„Дејли Мејл“: „Зошто никој не зборува за ова место?“ Охридското Езеро е едно од најпотценетите места во Европа

9 декември 2023

„Дејли Мејл“

„Зошто никој не зборува за ова место?“ Осамена патничка вчудоневидено вели: Охридското Езеро е едно од најпотценетите места во Европа -  а престојот таму чини само седум фунти за ноќевање.

Дури и вон шпицот на сезоната, попознатите туристички дестинации во Европа ги карактеризираат долги редици и високи хотелски цени. Сепак, постојат алтернативи на континентот - привлечни скриени скапоцени камења незагадени од турканици со пристојни цени за престој. Живописното Охридско Езеро спаѓа во таа категорија, како што откри осамената патничка Наташа Витли во фасцинантното информативно видео објавено на TikTok.

Охридското Езеро кое се протега на планинската граница на Северна Македонија и Албанија, кога се работи за пејзажот му дише зад врат на езерото Комо и тоа по цена колку за чипс, а Наташа ги прашува своите 69.400 следбеници: „Зошто никој во Европа не зборува за ова најпотценето и најдоспатно место, совршено за викенд бекство за одмор?“

Во видеото таа го опишува Охридското Езеро, тоа место впишано како светско наследство на УНЕСКО, како еден од најособените моменти на нејзиното патување низ Балканот. Место во кое нема турканици и е „толку мирно за шетање“.

Зборувајќи за „MailOnline Travel“, Наташа, позната на Интернет како @travelsbytash, вели: „Очигледно не можете да го победите езерото Комо, со прекрасните живописни градови како Белаџо. Меѓутоа, Охридското Езеро е всушност двојно поголемо од Комо (138 квадратни милји наспроти 56 квадратни милји), што не сум знаела.

„И би рекол дека водата е уште позачудувачка - кристално чиста“.

Наташа во клипот открива дека за нејзиното три ноќевања престојувала во хотелот „Сансет Лејк“ во Охрид, Северна Македонија, на североисточниот брег на езерото.

Цената? Само седум фунти за ноќевање.

Споделувајќи ги различните активности во кои туристите можат да учествуваат, таа вели на клипот: „Можете да одите на кајак или на веслање со штица, што изгледа толку добро“.

„Најпопуларното нешто за посета е црквата Свети Јован, која се наоѓа веднаш на работ на езерото. Има неверојатен поглед. Толку е живописно“.

Има и десетици пешачки патеки кои посетителите можат да ги пешачат ако сакаат, плус „прекрасен стар град“ и парк полн со желки ('толку случајно'.)

Зборувајќи за „MailOnline“, Наташа вели дека нејзиното омилено искуство било патувањето со кајче преку езерото.

Наташа рече дека патувањето било организирано преку хотелот „Сансет лејк“. Таа продолжува „Патувањето траеше четири часа, со неограничено вино и буквално чинеше само по осум фунти!

„Водата е прекрасна и отидовме на една затскриена мала плажа. Тоа беше едноставно најдоброто!

Во нејзиното видео на TikTok, таа додава: „Вредеше секоја пара. Со него управува сопственикот на хостелот, неверојатен лик кој постојано ни ги дополнуваше чашите“


Друга светла точна беше ирски паб со „прилично евтини“ пијалаци и добра храна по навистина прифатливи цени.

Наташа вели дека задолжителен локален деликатес е „бурекот“ - популарно улично пециво во кое се ужива низ Балканот.

Таа изјави за „MailOnline“: „Една од пекарите во Охрид продаваше бурек со уникатни вкусови, вклучувајќи пилешко кари и пица. Толку беа толку вкусни, а чинат само фунта“.

Наташа вели дека нема да брза повторно да дојде на Охридското Езеро, за да може да посети и други места, но нагласува - „дефинитивно бев во искушение да го продолжам престојот таму, како и повеќето од останатите“.

Видеото на Наташа во TikTok за Охридското Езеро достигна импресивни 122.800 прегледи, а инспирираше и некои од следбениците веќе да резервираат лет. Еден од нив напиша: „Додадено на листата“. Друг коментираше: „Леле, тоа изгледа неверојатно!“

Еден од нив праша: „Кој период од годината одевте? Изгледа толку убаво и топло“. Одговорот на Наташа беше: „Почеток на септември! Беше средината на 20-тите. Беше совршено!“

Фото: принтскрин

Остани поврзан