• понеделник, 11 мај 2026

Театарската претстава „Знаме и куфер“ вечерва премиерно во КИЦ - Скопје

Театарската претстава „Знаме и куфер“ вечерва премиерно во КИЦ - Скопје

Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Театарската претстава „Знаме и куфер“ вечерва премиерно ќе биде изведена во Салон 19:19 при ЈУ „Културно-информативен центар“ - Скопје. Станува збор за нова продукција на „Театар за тебе“. 

Текстот и режијата се на Изабела Јакимова, а во претставата настапуваат Ненад Митевски и Изабела Јакимова. Гласовите се на Гоце Андонов, Сара Томевска и Михаил Велков.

„Знаме и куфер“ е авторска современа дуодрама со изразен комичен и сатиричен тон, која преку интимната приказна на еден љубовен пар ја отвора болната и актуелна тема на политичката поделеност, егзистенцијалната несигурност и миграцијата.

Претставата го следи односот меѓу Марина и Петар - двајца млади луѓе, партнери и идеолошки спротивставени „соборци“, кои по изборите се соочуваат со прашањето: да се остане и трпи или да се замине и почне одново? Низ динамични дијалози исполнети со црн хумор, сарказам и препознатлива балканска реалност претставата ја расклопува иронијата на патриотизмот, клиентелизмот, партиската припадност и лажните ветувања поставувајќи ги ликовите меѓу знамето (идентитетот, припадноста) и куферот (заминувањето, надежта за подобар живот). рп/бк/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан