Царинската управа ќе одбележи 34 години од основањето
- Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 34-годишнината од основањето на Царинската управа на Македонија. Како што соопштија од Царинската управа, на свеченоста што ќе се одржи во Македонската филхармонија најавено е видеообраќање на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, и на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 34-годишнината од основањето на Царинската управа на Македонија.
Како што соопштија од Царинската управа, на свеченоста што ќе се одржи во Македонската филхармонија најавено е видеообраќање на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, и на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. рп/вг/
Фото: МИА архива