• понеделник, 20 мај 2024

Дешам објасни зошто го оставил Мбапе на клупата на мечот на Франција со Грција

Дешам објасни зошто го оставил Мбапе на клупата на мечот на Франција со Грција

Париз, 22 ноември 2023 (МИА) - Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам објасни зошто напаѓачот Килијан Мбапе го започна натпревар од квалификациите за ЕП 2024 против Грција (2:2) од клупата за резерви.

- Разговарав за ова со Килијан пред натпреварот. Од моја страна направив се за да се грижам за играчите кои ќе имаат натпревари овој викенд. Лигата на шампионите продолжува следната недела. Не сакаме да ги изложуваме играчите на ризик од повреди, изјави Дешам за „RMC Sport“.

Мбапе се појави на теренот во средината на вториот дел.

Францускиот тим заврши на првото место во групата Б со 22 бода. Грците го освоија 3. место и ќе играат во плејофот. Натпреварите во плејофот ќе се играат во март 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан