Дешам за победа на Ирска: Немавме многу шанси, тие одлично се бранеа
- Селекторот на Франција, Дидие Дешам ги искажа впечатоците од квалификацискиот натпревар за Еуро 2024 одигран синоќа на гости со Ирска (1:0).
Даблин, 28 март 2023 (МИА) - Селекторот на Франција, Дидие Дешам ги искажа впечатоците од квалификацискиот натпревар за Еуро 2024 одигран синоќа на гости со Ирска (1:0).
- Беше тежок натпревар, секогаш е тешко да се игра во Ирска. Имавме малку шанси, тие одлично се бранеа. На крајот беа опасни. Важно е што на два натпревари освоивме шест бодови. Не примивме ниту еден гол и постигнавме пет на два натпревари. Има многу позитивни. Нашите играчи се млади, но ги имаат сите шанси да успеат на највисоко ниво. Многу сум горд на она што го направи тимот на овие два натпревари, изјави Дешам.
Франција е лидер во групата Б од квалификациите за ЕП 2024 со 6 бода, Грција и Холандија имаат по 3, Ирска и Гибралтар се без бодови. зс/
Фото: ЕПА