• понеделник, 20 мај 2024

Дешам веќе одлучил за составот за Европското првенство

Дешам веќе одлучил за составот за Европското првенство
Париз, 12 декември 2020 (МИА) - Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешам изјави дека уште од сега го знае составот за ЕП 2020 година кое ќе се игра следната година. - Составот е 100 проценти подготвен. Уште од сега знам кого ќе повикам. Можеме само да се надеваме дека одредени играчи нема да се повредат во текот на сезоната, изјави Дешам за „Л’Екип“ . Европското првенство требаше да се одржи летото 2020 година, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус. Турнирот ќе се игра од 11 јуни до 11 јули 2021 година. Франција е во Ф-групата заедно со Португалија, Германија и Унгарија. зс/

Остани поврзан