• сабота, 21 декември 2024

Дефект на високонапонска трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без електрична енергија

Дефект на високонапонска трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без електрична енергија

Куманово, 13 март 2024 (МИА) - Дефект на високонапонска трафостаница во близина на стара црква Куманово е причина за вчерашниот недостиг на електрична енергија во централното градско подрачје во попладневните часови, соопштија денеска од ЕВН.

Екипите на ЕВН при повторно вклучување не можеле да интервенираат бидејќи немале пристап поради паркирани возила, по што интервенирала и пајак службата, додаваат од ЕВН.

- Поради дефект на високонапонска трафостаница без напојување останал кратко дел од Куманово. Но, при повторно вклучување се случил испад и на ниско напонско ниво, за што биле потребни два часа санирање поради немање пристап кај детектираните дефекти. Причина биле паркирани возила за кои било потребно нивно отстранување од пајак служби, за да може екипите да ги отстранат дефектите, велат од ЕВН.

И регионалниот центар за управување со кризи Куманово во дневниот билтен пренесува информација дека територијалната противпожарна единица Куманово вчера од 18 часот била на локацијата поради пријава од граѓани за искрење на трафостаницата која се наоѓа во близина на црквата.

- Екипата на ЕВН пристапила кон поправка на дефектот а екипата на ППЕ се вратила во својата единица во 18:25 часот, информираат до РЦУК Куманово. ам/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан