• петок, 17 мај 2024

Детскиот хор „Лале“ одржа концерт на детска хорска музика

Детскиот хор „Лале“ одржа концерт на детска хорска музика

Тетово, 9 ноември 2023 (МИА) - Градскиот детски хор „Лале“ под диригентска палка на проф. д-р Ивица Зориќ вечерва во Тетово одржа концерт на детска хорска музика.

Салата на поранешниот Дом на Армијата каде беше концертот беше преполна со љубители на хорската музика, кои имаа прилика да слушнат разновиден репертоар исполнет со полетност и детска искреност, а под диригенство на маестро Ивица Зориќ и асистент диригент Теодора Ветероска.

- Изведовме десетина песни со различна тематика, од творечкиот опус на Борислав Јоргушески – Боби. Главната цел на настанот, меѓу другото е и негувањето на здрави музички навики кај најмладите и популаризација на ваквиот вид на музика кај младите генерации, информираше маестро Ивица Зориќ.

Градскиот детски хор „Лале“ постои од 1977. Овој хор беше расадник и основа за формирање на женскиот младински хор „Менада. Двата хора ги формирал и сè уште ги раководи проф.д-р Ивица Зориќ. ас/ир

Фото: МИА

Остани поврзан