• четврток, 11 декември 2025

Детскиот хор „Крешендо“ одржи концерт „Новогодишна музичка магијa“

Детскиот хор „Крешендо“ одржи концерт „Новогодишна музичка магијa“

Тетово, 11 декември 2025 (МИА) - Со втор предновогодишен концерт „Новогодишна музичка магијa“ детскиот хор „Крешендо“ се претстави пред тетовската публика. Хорот со деца од шест до 12 години на диригентките м-р Фотини Георгиадис Кировска и проф.Марија Пулковска Здравковска настапи со 15 песни, а беа изведени и неколку драмски пиеси.

-Крешендо пее за сите убави и тажни работи. Пее за секое едно дете, испраќа пораки за љубов, сигурност и среќа. Со песничките создаваме вистинска новогодишна магија, магија во која светот е прекрасен. Вечерашните песни инспирираат детско единство, сочуствување и колективна акција да му се пружи детска рака на оној на кој му е потребна. Имаме одговорност да си помагаме едни на други особено ако сме во можност да го направиме тоа, посочија диригенките.

Аранжманите за композициите се дело на двете диригентки во соработка со проф.Ираклис Георгиадис. За пиесите на децата актери Никола Стојановски и Данило Ивановски се погрижи режисерот Саше Серафимовски.  

Хорот го придружуваше оркестарот, кој го сочинуваат Ираклис Георгиадис (пијано), Теодор Јаневски (перкусии), Владимир Ивановки (бас гитара), Филип Поткоњак (електрична гитара), Венеса Митевска (флејта), Шкељзен Пајазити (виолина), Ангел Манојлов (труба), Лука Тодоровски (кларинет), Антонио Лазаревски (саксофон), Марко Ѓорѓијоски (кларинет).ас/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан