• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ден на франкофонските култури во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар

Ден на франкофонските култури во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Во основното училиште „Киро Глигоров“ денеска ќе се одржи настан насловен „Ден на франкофонските култури“, чија цел е низ низа училишни активности на интерактивни штандови да се доближи културната разновидност на франкофонските земји до домашната публика.

Настанот го организираат Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар во рамки на одбележувањето на Месецот на Франкофонијата.

Покрај ОУ „Киро Глигоров“, учествуваат и останатите основни училишта во општина Центар: „Димитар Миладинов“, „Кочо Рацин“, „Koле Неделковски“, „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, „Јохан Хајнрих Песталоци“ и  „Св. Кирил и Методиј“. 

Настанот официјално ќе го отворат амбасадорот на Франција, Кристоф ле Риголер, и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. хс/мд/

Фото: Плакат 

 

Остани поврзан