Денот на ослободување на Тетово ќе се одбележи со пригодна манифестација „Аманет за слобода“
- Денот на ослободувањето на Тетово - 19 ноември ќе се одбележи со пригодна манифестација најавуваат од тетовската организација на Сојузот на борците од Народно ослободителната војна (НОВ) и гр
Тетово, 7 ноември 2022 (МИА) - Денот на ослободувањето на Тетово - 19 ноември ќе се одбележи со пригодна манифестација најавуваат од тетовската организација на Сојузот на борците од Народно ослободителната војна (НОВ) и граѓаните продолжувачи.
Празничната манифестација „Аманет за слобода“ по повод 19 Ноември – Денот на ослободувањето ќе се одржи во предвечерието на празникот, вечерта на 18 ноември (петок) со почеток во 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово. Годинава се одбележуваат 78 години од ослободувањето на Тетово.
-Последните неколку години откако се обнови одбележувањето на Денот на ослободувањето на нашиот роден град се создаде ден на градско заедништво во кое се сеќаваме на предците, но и го славиме градот низ играта и песните на нашите уметници. Настанот е од културен карактер со музичко-сценска, забавна и меморијална нота. Влезот е слободен, па поради големиот интерес вратите ќе бидат отворени пола час пред почетокот, информираше Јоцко Димитриевски, претседател на ОО Сојуз на борци Тетово.
После неколку децении празнувањето на 19 ноември со пригодна манифестација продолжи од 2019 година. Во сабота на 19 ноември ќе се одржи и традиционалното положување на цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Тетово со почеток во 11 часот. ас/ки/