• недела, 29 септември 2024

Денеска прва седница на новата британска влада на Кир Стармер

Денеска прва седница на новата британска влада на Кир Стармер

Лондон, 6 јули 2024 (МИА) – Новиот премиер на Велика Британија, Кир Стармер, денеска ќе претседава со првиот состанок на неговиот кабинет по историската победа на Лабуристичката партија на изборите одржани во четвртокот.

Новиот премиер вчера ги именуваше членовите на својот кабинет, во кој функцијата шеф на дипломатијата му припадна на Дејвид Лами.

За првпат по 800 години на чело на Министерството за финансии застанува жена, Рејчел Ривс, Вес Стритинг е министер за здравство, а Бриџит Филипсон е министер за образование. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан