• недела, 11 август 2024

Денеска без вода улиците „Сречко Пужалка“ и „Товарник“, утре неколку улици во Бутел

Денеска без вода улиците „Сречко Пужалка“ и „Товарник“, утре неколку улици во Бутел
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека денеска, од 10:00 часот, поради уличен дефект ф 100 мм на улица „Сречко Пужалка“ 25, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Сречко Пужалка“ и „Товарник“ во населба Ченто. Корисниците без вода ќе бидат од 10:00 часот до санирање на дефектот. Утре, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Рудо“, „Марко Крале“, „Приштинска“, „Зуфер Мусиќ“, „Андре Мазон“, „Коле Канински“, „Мрежичка“ и „Мостарска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач и реконструкција на водоводна мрежа на улица „Бутелска“ раскрсница со „Рудо“. Корисниците без вода ќе бидат од 09:00 часот до завршување на работите.ир/са/  

Остани поврзан