• недела, 08 март 2026

Демократски сојуз: Софија се плаши од успехот на адвокатот Менкиноски во Стразбур

Демократски сојуз: Софија се плаши од успехот на адвокатот Менкиноски во Стразбур

7 март 2026

Демократскиот сојуз го осудува потегот на властите во Софија да му изречат забрана за влегување во државата во траење од 10 години на адвокатот Тони Менкиноски,  правен застапник на здруженијата на Македонците од Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз, што МИА го пренесува интегрално.

Ова е чин без преседан во земја членка на Европската унија која му забранува право на движење и професионален ангажман на еден адвокат во земја членка на ЕУ само поради фактот што застапува граѓани кои се борат за своите малцински права.

Бугарија со оваа постапка пред цела Европа дрско и безобразно демонстрира дека не само што не ги признава Македонците како малцинство, туку ја попречува и нивната битка за регистрација на здруженијата што ја водат пред судот за човекови права во Стразбур, кој досега изрече 14 пресуди во нивна полза.

Очигледно е дека официјална Софија, која со години ја игнорира правдата од Стразбур, почнува да покажува нервоза и на бескрупулозен начин се пресметува со оние кои успеваат да го докажат нејзиното антицивилизациско поведение на негирање на Македонците.

Демократскиот сојуз очекува реакција од европските и меѓународните организации за човекови права за овој чин, а истовремено ги повикува македонските власти да реагираат со протестна нота до Софија.


Фото: Демократски сојуз

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан