Демири: Честит Рамазан Бајрам, да ги негуваме меѓусебната почит, солидарноста и вербата во добрината на луѓето
- СООПШТЕНИЕ - Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам, истакнува Демири.
Скопје, 10 април 2024
Министерот за здравство д-р Илир Демири во име на Министерството за здравство и во негово лично име, на сите верници од муслиманска вероисповед им го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
„Празничните денови нека бидат исполнети со добро здравје, мир и благосостојба на сите верници. Во духот на овој голем празник да ги негуваме меѓусебната почит, солидарност, надежта и вербата во добрината на луѓето. Споделете ги даровите на празникот со вашите семејства, роднини, пријатели и соседи. Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам!“, истакнува Демири.
Министерство за здравство
Фото: Фејсбук
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.