• среда, 15 мај 2024

Демант од МВР за наводен упад во една од скопските телевизии

Демант од МВР за наводен упад во една од скопските телевизии
Скопје, 18 мај 2021 Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира објавите на некои портали за наводен упад на МВР во една од скопските телевизии. Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во текот на денот немале апсолутно никакво физичко присуство во споменатата телевизија, ниту преку своето одделение за организиран криминал, како што се наведува во текстот, ниту од било која друга организациска единица во МВР, па оттаму небулозни се шпекулациите дека станува збор за "системски притисок" или дека "МВР сака да има увид во програмската шема на телевизијата" што, секако, нема допирни точки со надлежностите на МВР. Министерството за внатрешни работи постапува исклучиво по наредба на јавен обвинител и кога ќе се добие наредба за вршење проверки, по неа се постапува согласно законските надлежности. Сектор за односи со јавност и протокол Министерство за внатрешни работи _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан