• петок, 22 ноември 2024

Демант на ИРЛ за ОЈО

Демант на ИРЛ за ОЈО

Скопје, 18 август 2023

 

Републичкото јавно обвинителство испрати јавна реакција по повод одговорот на текстот на ИРЛ во кој тие повторно тврдат дека ИРЛ лаже и дека германското вештачење било земено предвид на судењето во Тетово. Ова е втор напад кон новинарите на ИРЛ и нови лаги што ги дистрибуира оваа институција до медиумите. Недоличен е начинот на кој Љубомир Јовески, шеф на оваа институција чијашто работа е и предмет на ова истражување, да ја злоупотребува институцијата за лични пресметки со новинарите.

„Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител“.

„Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител, во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката.“

Републичкото јавно обвинителство посочува дека јавниот обвинител се произнел пред Судот, а на барање на одбраната да се испитуваат германските вештаци. Обвинителството пропушта да посочи дека надлежниот обвинител самиот барал во Судот да не се канат овие вештаци бидејќи за конкретниот случај, според самите зборови на обвинителот, ова вештачење е беспредметно за оваа постапка. За ова постои и записник и аудио од судењето каде што се снимаат сите рочишта.

Недолично и нечесно е институцијата што треба да демонстрира одговорност кон жртвите и да обезбеди правда за граѓаните, да манипулира со фактите и неосновано да ги напаѓа новинарите. На овој линк граѓаните можат самите да ја го чујат тонскиот запис од судницата бидејќи тој прецизно го демантира обвинителството.

Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, тимот на јавни обвинители што работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.

Ова е неточно. ИРЛ поседува имејл-пораки и СМС-пораки, а наш новинар и телефонски разговараше со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Исходот беше ист – тие не одговорија на имејл-поканите на ИРЛ, а портпаролката на институцијата Билјана Арсовска и нè извести дека обвинителот не може да коментира случаи за кои се водат постапки. Првата покана до Јовески беше упатена на 6 јуни. Околу две недели не одговараше

никој бидејќи, како што нè известија, лицата од службата за односи со јавност биле на одмор. Обвинителот Бесир Алиу од Тетово одби да даде интервју и за тоа самиот го посочи како пречка својот шеф Јовески. Единствено јавниот обвинител Ислам Абази одобри брифинг со надлежната обвинителка Елизабета Јосифовска во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, што, впрочем, беше прикажано и во документарниот филм.

„Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет, кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија“, се посочува во соопштението на ОЈО.

Обвинителството наместо да ги напаѓа новинарите што откриваат злоупотреби, треба да ѝ одговори на јавноста зошто првиот предмет не се однесувал на причините за пожарот, а зошто вториот предмет сè уште е во предистрага. Во тонските записи од судењата и самиот судија истакнува дека обвинителството не донело предмет за причините за пожарот, туку за немање противпожарни апарати и за непочитување на здравствените прописи.

Обвинителството тврди дека новинарите му штетат на овој тековен случај и со ваквите изјави прави обид да се изземе од одговорноста за постапките што се заглавени во нивните институции. Оваа институција со години е предмет на остри критики на сите домашни и меѓународни институции, а довербата на граѓаните во нивната работа е 1 процент.

ИРЛ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан