• петок, 14 март 2025

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ известува за привремена измена на сообраќајот на експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, која ќе трае од 17 март до 4 април 2025.

-Поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница, соопшти АМСМ. хс/ 

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан