Дел од Усје без вода поради дефект
- Оттаму нагласија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „4“ во Усје, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица, информираа утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Оттаму нагласија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/вг/
Фото: МИА архива