• сабота, 27 јули 2024

Дел од општина Чаир без вода

Дел од општина Чаир без вода

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Вуковарска“, „Струмичка“ и „Дижонска“ во општина Чаир.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Вуковарска“ 15/1. 

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан