Дел од општина Сопиште без вода
- Без вода денеска се дел од жителите на Сопиште, лоцирани на улиците „27“, „28“, „29“,„30“,„31“,„32“,„33“,„34“ и „35“.

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Без вода денеска се дел од жителите на Сопиште, лоцирани на улиците „27“, „28“, „29“,„30“,„31“,„32“,„33“,„34“ и „35“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улица „35“ број 8 во Сопиште.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/дма/
Фото: МИА архива