Дел од општина Гази Баба без вода
- Без вода вечерва, од 22:30 часот, ќе останат корисниците од улицата „Фуштанска“ во општина Гази Баба.

Скопје, 13 август 2024 (МИА) - Без вода вечерва, од 22:30 часот, ќе останат корисниците од улицата „Фуштанска“ во општина Гази Баба.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-100 милиметри на улица „Фуштанска“ 15.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на работните активности. мд/ев/
Фото: МИА архива