• среда, 14 февруари 2024

Дел од Кисела Вода без вода

Дел од Кисела Вода без вода

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Саса“, „Јабланица“, ул.„1438“ и ул.„1439“ во Општина Кисела Вода.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна цевка Ф110мм на улица „Саса“ бб во населбата Пинтија спроти „Бујо Градба“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.фф/вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан