• среда, 15 мај 2024

Делчевските ученици се едуцираа на тема „Врсничко насилство“

Делчевските ученици се едуцираа на тема „Врсничко насилство“

Делчево, 2 октомври 2023 (МИА) - Под мотото „Јас и светот околу мене“ во Делчево започнаа активностите за одбележување на Детската недела. За таа цел денес во деветолетката „Ванчо Прке“ се одржа едукативно предавање на кое стручни лица од училиштето и претставници од Општинската организација на Црвен крст ги запознаа учениците со „врсничкото насилство“.

-Во рамките на Детската недела која што е и законска манифестација наменета за децата, сите земји вклучително и РС Македонија,  членките на ООН, треба да стават посебен акцент на детските права. Токму затоа -  како и по повод Светскиот ден на детето се одржа денешнава активност која беше наменета за учениците од шесто до деветто одделение. Предавањето беше реализирано од страна на Педагогот и Псохологот од нашето училиште како и претставници од ОО на Црвен крст ", од Делчево кои преку нивниот проект „Промоција на хумани вредности ", ќе бидат  дел од заедничките  активности кои оваа учебна година ќе ги реализираме заедно, истакнаа од делчевската деветолетка.

Во рамки на настанот, како што додадоа од училиштето, учениците се запознаа со видовите насилства кои треба да се препознаат и да се пријават.

-Овие активности се неминовни се со цел навреме да бидат информирани сите засегнати страни кои заедно превентивно ќе се вклучат за да го пријават и да биде разрешено. Учениците беа запознаени и со начинот како тоа може заедно со сите служби од училишниот триаголник и стручни служби и институции да биде спречено, информираа од училиштето.
 
По повод Светската недела на детето во периодот до 8 октомври во Делчево ќе се одржат повеќе активности, а настаните продолжуваат вечерва со концерт на пијано кој ќе се одржи во киносалата во Делчево. вс/дма/


Фото: МИА

 

 

Остани поврзан