• понеделник, 06 мај 2024

Делегација на Хамас утре заминува на преговори во Каиро за прекин на огнот во Појасот Газа

Делегација на Хамас утре заминува на преговори во Каиро за прекин на огнот во Појасот Газа

Каиро, 6 април 2024 (МИА) - Делегација на Хамас предводена од заменик-лидерот на групата во Појасот Газа, Калил ал Хаја, утре ќе замине за Каиро на разговори за прекин на огнот во Газа на покана на египетски посредници, соопшти организацијата, цитирана од британските медиуми. 

Групата ги повтори своите барања изнесени во предлогот на 14 март пред гласањето на 25 март за резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на прекин на огнот во Појасот Газа.

Хамас сака договор што ќе стави крај на војната, повлекување на израелските сили од Газа, враќање на раселените палестински жители и „сериозен“ договор за размена на палестински затвореници за израелски заложници држени во Газа, се вели во соопштението на групата.

Израел има намера да се бори до целосно уништување на Хамас, пренесе БТА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан