• среда, 17 јули 2024

Делегација на СДСМ положи цвеќе кај Карпалак

Делегација на СДСМ положи цвеќе кај Карпалак
Скопје, 8 август 2022 (МИА) - Делегацијата на СДСМ денеска положи цвеќе на споменикот во месноста Карпалак, по повод 21-годишнината од загинувањето на десеттмина армиски резервисти. Делегацијата на СДСМ беше предводена од претседателот на ОО СДСМ Тетово, Живе Алексовски. Во 2001 година на денешен ден кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. ки/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан