• среда, 23 октомври 2024

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба

Скопје, 23 октомври 2024 

По повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба денес повеќе делегации од ВМРО-ДПМНЕ положија  цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба.

Цвеќе положија делегација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓоргија Сајкоски, делегација на пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ предводена од пратеникот и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, делегација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Александар Пандов и делегација на Унијата на ветерани.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан