• сабота, 24 февруари 2024

Девет лица загинаа во пожар во камп на северот на Бразил

Девет лица загинаа во пожар во камп на северот на Бразил

Бразилија, 10 декември 2023 (МИА) - Најмалку девет лица загинаа, а осум се повредени откако пожар избувна во камп за фармери во северната бразилска држава Пара.

Пожарот предизвика краток спој во електричната мрежа за време на инсталацијата на безжичен интернет во кампот на фармерите, кој се наоѓа во градот Парауапебас, соопштија од кампот.

Водачите на локалната заедница на заедничката прес-конференција изјавија дека краткиот спој се случил вчеравечер, кога антената допрела високонапонска мрежа, поради што се запалиле каблите, како и колибите во кампот.

Меѓу деветте загинати, шест лица се жители на кампот, додека три од жртвите се од интернет компанијата.

Од осуммината повредени кои се префрлени во болница, седум веќе се пуштени од болница, а еден е хоспитализиран со изгореници од втор степен и неговиот живот не е во животна опасност. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан