• петок, 20 декември 2024

Дебранецот Јон Батку, кој живее во Швајцарија стана светски рекордер во sit-ups

Дебранецот Јон Батку, кој живее во Швајцарија стана светски рекордер во sit-ups

Дебар, 27 август 2024 (МИА) - Спортистот од Дебар, Јон Батку, кој живее и работи во  Швајцарија, успеа да го собори светскиот рекорд во „sit-ups“, што до сега го држеше Давид Бегиашвили, од Грузија, кој во 2011 година имаше 1430 sit-ups, во рок од 30 минути.

- Сега овој рекорд го држи дебранецот Јон Батку, кој за само 28 минути и 35 секунди успеа да направи 1430 sit-ups,  додека за 1 час и 17 минути достигна бројка од повеќе од 3200, објавија албанските медиуми.

Дваесет и седумгодишниот Батку дипломирал на Факултетот за физичко образование и 20 години се занимава со карате, а поседува и професионална лиценца за спасител на вода.

Со ова достигнување Јон Батку влезе во историјата на рекордите каде се чини дека овој рекорд уште долго ќе го држи тој. вт/мд/

Фото: Фејбук на Батку

Остани поврзан