Дебарското подрачје без струја
- Целото Дебарско конзумно подрачје од пред 20 часот вечерва е без напојување со електрична енергија.

Дебар, 25 мај 2024 (МИА) - Целото Дебарско конзумно подрачје од пред 20 часот вечерва е без напојување со електрична енергија.
Подрачјето кусо беше зафатено од обилен дожд, електрични празнење и грмежи.
Дебарското конзумно подрачје ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. вт/аа/
Фото: МИА