• четврток, 25 декември 2025

Дворот на Дедо Мраз во Кавадарци отворен по 28. пат 

Дворот на Дедо Мраз во Кавадарци отворен по 28. пат 

Кавадарци, 22 декември 2025 (МИА) - Дворот на Дедо Мраз во Кавадарци е отворен по 28. пат, семејниот имот на кавадарчанецот Ѓорѓи Вареловски со безброј украси, вечерва беше место во кое уживаа ученици од неготинското основно училиште ,,Страшо Пинџур". Дедо Мраз им подели пакетчиња, а заедно пееја новогодишни песни. 

- Среќата е бескрајна, со зборови не се опишува оваа заедничка радост. Прекрасно е чувството да се биде меѓу овие насмеани лица, рече Вареловски за МИА.

Меѓу многубројните украси, децата можеа да забележат и старински предмети поврзани со грозјето и виното во најголемиот лозаровинарски регион во државата, експонати што претставуваат стари занаети. 

Со години наназад, дворот на Дедо Мраз во Кавадарци го посетуваат дечиња од земјава и странство, а домаќините, Милка и Ѓорѓи Вареловски се трудат да им ги разубават новогодишните празници. Истовремено, секоја година, тие донираат подароци за ранливи категории на граѓани, упатувајќи порака дека сите луѓе заслужуваат почит и празнично расположение. свд/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан