Движење Антикоцкање го обвини Пендаровски дека штити криминал откако не го потпиша законот за игри на среќа
- Движењето Антикоцкање испрати писмо до претседателот Стево Пендаровски со забелешка дека се разочарани од непотпишување на указот за прогласување на измените во законот за игри на среќа. Воедно според Антикоцкање, со оваа одлука, како што оценуваат, „Пендаровски штити криминал“.
Тетово, 14 февруари 2024 (МИА) - Движењето Антикоцкање испрати писмо до претседателот Стево Пендаровски со забелешка дека се разочарани од непотпишување на указот за прогласување на измените во законот за игри на среќа. Воедно според Антикоцкање, со оваа одлука, како што оценуваат, „Пендаровски штити криминал“.
- Многу би сакале да знаеме како ќе ја започнете планираната тема за денеска „Младите и општеството“ колку парадоксална, толку и двојна игра и неподнослива. Тотално сме разочарани, се чувствуваме предадени од вашата преземена одлука за недекретирање на предлог законот за игри на среќа, вашата заштитата на криминалот и криминалците во која се задушени од страста на криминалот и класичниот грабеж што му се прави на граѓанинот. Со вашата постапка, наводна злоупотреба на европското знаме, го легализирате перењето на валкани пари и во име на европските стандарди го штитите сомнителниот капитал кои ја задушуваат нашата држава, се вели во соопштението на Движење Антикоцкање.
Од Антикоцкање му порачаа на Пендаровски дека со оваа постапка ги издал своите гласачи. ас/сст/
фото МИА архива