• сабота, 13 декември 2025

Две девојчиња повредени во напад во училиште во Берлин

Две девојчиња повредени во напад во училиште во Берлин

Берлин, 3 мај 2023 (МИА) – Берлинската полиција соопшти дека две мали деца се тешко повредени во напад на училиште во јужниот дел на германскиот главен град.

Повредени се девојчиња на возраст од седум и осум години. Едно од нив е во животна опасност.

Полицијата соопшти дека привела и еден осомничен. Засега нема повеќе детали за случајот. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан