• понеделник, 16 декември 2024

Две дебарски каратистки обезбедија учество за европското првенство што ќе се одржи во Полска

Две дебарски каратистки обезбедија учество за европското првенство што ќе се одржи во Полска

Дебар, 15 декември 2024 (МИА) - Две  каратистки на дебарскиот карате клуб „Дибра“ обезбедија учество на Европско првенство, откако на Playoff во Скопје денеска освоија прво место.

Тоа се Ера Коџа која со златен медал се закити во категоријата У21минус 68 килограми и Сара Дука во категоријата У21 минус 50 килограми.

- Двете наши каратистки покажаа одлична подготвеност и обезбедија учество, како дел од македонската репрезентација, на 52. Европско првенство за кадети и јуниори, што од 7 до 9 февруари идната година ќе се одржи во Биелско-Биата во Полска. Задоволството од вложениот труд е големо. Се радувам заедно со нив. И трудот и радоста се заеднички, рече за МИА Дурим Пачуку, тренер.

Додава дека членови на клубот и до сега имаат многу забележителни успеси со учество на балкански, европски и светски првенства.

- Голема благодарност до сите што не поддржуваат. На Европското првенство очекуваме успех што ќе ги направи горди дебрани, каде и да се и сите во Македонија, посочи Пачуку, кој е воедно тренер и на македонската репрезентација.

На денешниот Playoff сребрен медал освои Влера Сеља, додека бронзен Гента Сеља, Буна Сеља и Хена Франгу. вт/мд/

 

 

Остани поврзан