• сабота, 27 јули 2024

Двеста камиони со хуманитарна помош пристигнале во Појасот Газа

Двеста камиони со хуманитарна помош пристигнале во Појасот Газа

Газа, 25 ноември 2023 (МИА) – Од почетокот на привременото примирје помеѓу Израел и Хамас, што вчера стапи во сила, 200 камиони со хуманитарна помош пристигнале во Појасот Газа.

Првпат од почетокот на војната дел од хуманитарната помош ќе биде дистрибуирана и во северниот дел на енклавата.

Над 50 камиони се наменети за северниот дел на Појасот Газа, вклучително и за области кои не се евакуирани, со одобрение на Израел, соопшти Координаторот за владини активности на териториите (ЦОГАТ). ми/

фото: ДПА

Остани поврзан