• четврток, 23 мај 2024

Два нови проекти во Крива Паланка вредни 9.7. милиони денари

Два нови проекти во Крива Паланка вредни 9.7. милиони денари

Крива Паланка, 26 мај 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски утрово потпиша два нови договора за реализација на проекти од областа на заштита на животна средина, регулација на води и искористување обновливи извори на енергија,со вкупна вредност од околу 9.700.000 денари. Со проектите ќе се изврши регулација на дел од Домачки дол и поставување фотоволтаични панели на пет јавни институции во Општина Крива Паланка.

-Како што ветив и во мојата предизборна програма, со овој проект се решава проблемот со излевање на Домачки дол, со договорот за „Регулација на дел од порој на Домачки дол" за што инвестираме 3.480.000 денари преку Министерството за животна средина и просторно планирање. На мое големо задоволство, дури пет јавни институции ќе добијат фотоволтаични панели, за енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија, за што вложуваме 6.200.000 денари од кои, 50 отсто од Амбасадата на Словенија во Северна Македонија и 50 отсто буџетски средства од Општина Крива Паланка, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Со проектот за поставување фотоволтаици ќе се постават соларни панели на објектите на: ОЈУ детска градинка „Детелинка", објект на ул. св.Јоаким Осоговски, основно општинско училиште „Јоаким Крчовски", зграда "Партизан", Локална установа Градски музеј Крива Паланка, објектот на локалната самоуправа на  Општина Крива Паланка и ученички дом „Боро Менков".

Фото МИА 

Остани поврзан