• четврток, 04 декември 2025

Два натпревари денеска од 5. коло во ПМФЛ

Два натпревари денеска од 5. коло во ПМФЛ

 

Скопје, 12 септември 2025 (МИА) – Со два натпревари во попладневен и вечерен термин денеска ќе стартува 5. коло во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Бранителот на титулата Шкендија во Тетово го пречекува Башкими (15:30 часот), додека скопски Вардар е домаќин на градскиот ривал Македонија ЃП (19 часот).

Утре на програмата се дуелите АП Брера – Шкупи и Силекс – Работнички, а прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела кога Струга ќе го пречека Тиквеш, а Пелистер ќе му биде домаќин на Арсими.

ПМФЛ: 5 коло

Шкендија – Башкими (петок, 15:30)

Вардар – Македонија ЃП (петок, 19:00)

АП Брера – Шкупи (сабота, 15:30)

Силекс – Работнички (сабота, 15:30)

Струга – Тиквеш (недела, 15:30)

Пелистер – Арсими (недела, 19:00).ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан