• четврток, 21 ноември 2024

Двајца Швеѓани убиени во вооружен напад во Брисел 

Двајца Швеѓани убиени во вооружен напад во Брисел 

Брисел, 16 октомври 2023 (МИА) - Двајца шведски државјани се убиени вечерва од засега непознат вооружен напаѓач во белгискиот главен град Брисел, соопшти бриселската полиција. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, напаѓачот, кој носел портокалова јакна и бела кацига, веднаш по инцидентот побегнал од местото на настанот и се уште е во бегство. Според белгиското Јавно обвинителство, инцидентот се третира како терористички напад. 

Во Брисел вечерва се игра меч од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година меѓу Белгија и Шведска, но засега не е познато дали жртвите допатувале во белгискиот главен град за следење на натпреварот. 

На социјалните мрежи се појави снимка на маж кој зборува арапски јазик и тврди дека тој го извршил нападот „во името на Алах“, но и дека убил три лица. 

Белгиското Федерално јавно обвинителство потврди дека е запознато со видеото, но не може да ја потврди веродостојноста на тврдењата во него. сп/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан