• недела, 09 март 2025

Двајца Палестинци загинале во израелски напад во Газа

Двајца Палестинци загинале во израелски напад во Газа

Газа, 9 март 2025 (МИА) – Двајца Палестинци загинале од израелско „артилериско гранатирање“ во источниот кварт Шеџаија во градот Газа, јавија палестински медиуми.

Засега нема коментар од израелската армија (ИДФ).

Израелските сили сè уште се распоредени во тампон зоната долж границата со Газа поради прекинот на огнот, а ИДФ постојано ги предупредува Палестинците да не се приближуваат до областа. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан