• среда, 05 февруари 2025

Двајца војници загинаа, а осум се ранети во напад на израелски воен контролен пункт на Западниот Брег

Двајца војници загинаа, а осум се ранети во напад на израелски воен контролен пункт на Западниот Брег

Тел Авив, 4 февруари 2025 (МИА) - Во нападот утринава врз израелски воен контролен пункт кај селото Таџасир на северозападниот Западен Брег, загинаа двајца резервисти на израелската армија (ИДФ), а осуммина се ранети, соопшти ИДФ.

Еден од загинатите војници е пензионираниот наредник Офер Јунг (39) од Тел Авив, командант на вод во 8211-от резервен баталјон на бригадата Ефрем, а името на вториот загинат војник ќе биде објавено подоцна денеска, соопшти ИДФ, пренесе Тајмс на Израел.

Од осумте ранети израелски војници, двајца се во критична состојба, додека шест се со полесни повреди.

Според ИДФ, палестински напаѓач утринава успеал да се прикраде до израелскиот воен контролен пункт и отворил оган врз војниците.

Напаѓачот неколку минути разменувал оган со израелските војници, но потоа бил убиен додека се обидувал да побегне. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан