• недела, 12 мај 2024

Деветнаесетгодишно момче ноќеска загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат Вевчани-село Подгорци

Деветнаесетгодишно момче ноќеска загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат Вевчани-село Подгорци

Вевчани, 13 јануари 2024 (МИА) - Деветнаесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загинало во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци, информираат од СВР Охрид. 

Полицијата соопшти дека увид на лице место извршиле полициски екипи, како и дека и јавен обвинител излезен е на местото на настанот. 

Според информациите од Вевчани, каде денеска треба да се одржи традиционалниот Вевчански карневал, станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски. сс/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан