Дајч нов тренер на Нотингем Форест
- Нотингем Форест денес го објави назначувањето на Шон Дајч за главен тренер.
Нотингем, 21 октомври 2025 (МИА) - Нотингем Форест денес го објави назначувањето на Шон Дајч за главен тренер.
Договорот на 54-годишникот е до летото 2027 година.
Последната менаџерска позиција на Дајч беше Евертон, од која си замина во јануари. Пред тоа, тој ги водеше и Барнли и Вотфорд.
Како играч, Англичанецот играше за младинскиот тим на Нотингем Форест.
Дајч е третиот менаџер на Нотингем Форест оваа сезона. Клубот ги отпушти Нуно Еспирито Санто во септември и Ангелос Постекоглу во октомври, по нешто повеќе од еден месец на таа позиција. зс/
Фото: ЕПА