• недела, 22 декември 2024

Дачиќ ќе учествува на форум за јавна безбедност во Кина

Дачиќ ќе учествува на форум за јавна безбедност во Кина

Белград, 7 септември 2024 (МИА) - Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска отпатува во официјална посета во Кина, каде ќе се сретне со државниот советник и министер за јавна безбедност на Кина, Ван Сјаохун

За време на посетата, Дачиќ ќе учествува на Глобалниот форум за соработка во областа на јавната безбедност во Лианјунган, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Исто така, ќе присуствува на завршната вежба на специјалните единици на српското Министерство за внатрешни работи и кинеското Министерство за јавна безбедност во Гуангжу.

Со таа прилика, тој ќе ги посети и членовите на српската полиција кои учествуваат во третите заеднички патроли во овој град. ссм/

фото: архива

Остани поврзан