• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дачиќ се сретна со Лавров во Њујорк

Дачиќ се сретна со Лавров во Њујорк

Њујорк, 23 септември 2023 (МИА) – Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ синоќа на маргините на Генералното собрание на Он се сретна со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со кого разговарал за ситуација во Косово.

Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека Дачиќ ја повторил решеноста на Србија да ја почитува Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и се заблагодари за поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет.

Двајцата дипломати разговарале и за следната седница на Советот за безбедност за Косово, а Лавров и честитал на Србија и за изборот за домаќин на специјализираната изложба ЕКСПО 2027. јт/

Фото: МНР на Србија

Остани поврзан