• сабота, 21 декември 2024

Дачиќ на средба со Мицкоски, разговарале за унапредување на односите

Дачиќ на средба со Мицкоски,  разговарале за унапредување на односите

Белград/Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - За време на еднодневната возвратнa посета на на Рeпублика Северна Македонија, вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ, денеска остварил средба и со премиерот Христијан Мицкоски, на која е разговарано за натамошно упнапредување на односите на двете земји.

- Посебна чест, за време на мојата еднодневна посета на Република Северна Македонија, ми оддаде премиерот Христијан Мицкоски, со кого на работен ручек разговарав за натамошното унапредување на нашите односи и зајакнувањето на соработка, за заедничка корист на српскиот и македонскиот народ, напиша Дачиќ на својот Инстаграм профил, постирајќи фотографии од средбата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Куманово беше домаќин на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ каде разговараа за продлабочување на соработката, намалување на метежот на граничните премини, справување со миграцијата, заеднички патроли и меѓусебна поддршка. 

Дачиќ имаше средба и со градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.об/са/

Фото: Инстаграм Ивица Дачиќ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан