• среда, 25 март 2026

„Дасо“ до Белгија: Не може и да купувате Ф-35 и да учествувате во европската авиопрограма 

„Дасо“ до Белгија: Не може и да купувате Ф-35 и да учествувате во европската авиопрограма 

Брисел, 23 јули 2024 (МИА) - Белгиската Влада не може да очекува да им се придружи на Франција, Германија и Шпанија во европскиот проект за развојот на борбени авиони, наречена „Иден борбен воздухопловен систем“ (ФЦАС), доколку купи американски ловци Ф-35, порача извршниот директор на француската авиоиндустрија „Дасо Авијасион“, Ерик Трапие. 

- Ако (Белгија) се откаже од идејата за купување Ф-35, тие би биле добредојдени. Ако не, тогаш навистина не прави мајмуни, изјави Трапие на презентацијата на кварталните деловни резултати на „Дасо“. 

Трапие истакна дека основен критериум за приклучување кон програмата ФЦАС, чиј главен изведувач е „Дасо“, е посветеноста на купување одбранбена опрема од локално производство.   

Изјавата на Трапие следи откако во петокот белгиската Влада го одобри планот за учество на Белгија во француско-германско-шпанската програма ФЦАС, но и за набавка на борбени авиони Ф-35, кои ги произведува американската компанија „Локид Мартин“. 

Според Трапие, со ваквите планови Белгија се однесува „некохерентно“, бидејќи од една страна сака да обезбеди отворање нови работни места со приклучување кон ФЦАС, а од друга страна ќе купува авиони од САД. 

Шефот на „Дасо“ се осврна и на информациите за несогласувања меѓу Париз и Берлин, поради наводното барање на Франција за поголем удел во сопственоста на ФЦАС, негирајќи ги таквите тврдења. - Ние не бараме 80 отсто удел, рече Трапие. 

Дека постојат одредени несогласувања меѓу Германија и Франција околу ФЦАС неодамна призна и германскиот канцелар  Фридрих Мерц, кој денеска во Берлин треба да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, а за утре е најавена и средба на министрите за одбрана на двете земји, Борис Писториус и Себастиен Лекорну. 

Инаку, првите авиони од програмата ФЦАС од шестата генерација се очекува да бидат произведени најдоцна до 2040 година. сп/вг/

Фото: МИА Архива  

Остани поврзан