• недела, 22 декември 2024

Дарманин: Франција може да се соочи со граѓански немири и насилство

Дарманин: Франција може да се соочи со граѓански немири и насилство

Париз, 24 јуни 2024 (МИА) – Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин денеска изјави дека земјата може да се соочи со граѓански немири и насилство поврзани со предвремените парламентарни избори.

- Можно е да има исклучително силни тензии, истакна Дарманин за радиото РТЛ, додавајќи дека властите се подготвуваат за „многу запалива“ ситуација.

Изборите се одржуваат на помалку од еден месец пред Летните олимписки игри, откако францускиот претседател Емануел Макрон го распушти Националното собрание на почетокот на овој месец, по неговиот неуспех на изборите за Европскиот парламент.

Многу гласачи на изборите гледаат како на референдум за судбината на Макрон, чиј рејтинг бележи пад по неколку политички кризи. Но, тој најави дека без оглед на исходот од изборите ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат во 2027 година. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан