• вторник, 14 мај 2024

Дарвин Нуњез со импресивна статистика во Премиер лигата

Дарвин Нуњез со импресивна статистика во Премиер лигата

Ливерпул, 18 февруари 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез се најде на чело на интересен пласман во Премиер лигата. Уругвајскиот стрелец на „црвените“ е фудбалерот со најпрецизни удари во англискиот шампионат од почетокот на сезоната.

Нуњез има дури 34 удари кон противничкиот гол, а зад него останаа имиња како Ерлинг Халанд, Мохамед Салах, Оли Воткинс, Доминик Соланке и други кои се меѓу водечките стрелци во натпреварувањето.

Покрај неговите 34 удари, Нуњез забележа 3 или повеќе удари кон противничкиот гол во шест различни натпревари во сезоната 2023/24 - подвиг со кој ниту еден друг напаѓач во Премиер лигата не може да се пофали.дс

Фото: Архива

Остани поврзан