• петок, 12 јули 2024

Данскиот крал го отвори првиот дел од подводниот тунел што ја поврзува Данска со Германија

Данскиот крал го отвори првиот дел од подводниот тунел што ја поврзува Данска со Германија

Копенхаген, 17 јуни 2024 (МИА) - Данскиот крал Фредерик Десетти денеска го отвори првиот дел од идниот железничко-патен тунел во должина од 217 метри, чија вкупна должина ќе биде 18 километри и кој ќе ја поврзува јужна Данска со северна Германија под Балтичкото Море.

Тоа ќе биде најдолгиот подводен железничко-патен тунел во светот, а појасот Фемарн се очекува да биде отворен за сообраќај во 2029 година.

Се очекува автомобилите да можат да го преминат Балтичкото Море за 10 минути по четири ленти, а возовите за седум минути. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан